http://www.springalive.net
Насловна   ›   Пиштарка
Print
Send to friend

Пиштарка

Пиштарките се целосно сивкасто-кафени, но на небо изгледаат црни. Имаат долги срповидни крилја и куса опашка во облик на виљушка. Може по грешка да помислиш дека е ластовичка – но пиштарките ги држат крилата сосема исправени  додека летаат. Исто така невозможно е да ги видиш како слетуваат – нивните гнезда се скриени во покриви и тие влетуваат и излетуваат од нив многу брзо. Пиштарките имаат навистина долг живот, што е невообичаено – тие може да доживеат дури 21 година!
Тие никогаш не стојат како ластовичките. Може да забележиш како големи јата од нив пискајќи маневрираат помеѓу покриви и куќи, најчесто во градови и особено околу самрак. Пиштарките се извонредни летачи. Тие го поминуваат скоро целиот свој живот во лет. Застануваат само за парење – спијат во лет!
Најлесно е да ги забележиш во заградени места каде тие имаат гнезда во пукнатините, вентилацијата а понекогаш и во специјални кутии за гнездење. Запомни дека пиштарките се многу чести во град, а потешко е да ги забележиш на село.
Како да разликуваш пиштарка од ластовичка?
Пиштарката е забележливо поглема  од ластовичката, нејзините крилја се подолги, значително се потесни и имаат облик на срп. Ластовичката има поеластични крила, лесно може да забележите како се превиткуваат. Опашката на ластовичката е многу подолга и јасно се забележува дека има форма на виљушка.  
Треба да запомниш дека најчесто ластовички има на село, а пиштарки во град.
Со што се хранат?
Пиштарките јадат само летачки инсекти и мали пајаци кои лебдат во воздухот.
Гнезда на пиштарките
Гнездата ги сместуваат во шупливи делови од згради или рушевини, во длабоки дупки помеѓу цигли, под ќерамиди или во други добро скриени дупки, како во карпи или во кутии за гнездење. Гнездото има облик на сад и е направено од трева, ливчиња, пердуви, меки делови од растенија, цветови, мов, семчиња и ѓубре (на пример хартија) и сето тоа залепено со плунка.
Презимување
Тие презимуваат во Африка, јужно од Сахара и до Јужна Африка.
Популација на ластовички во Европа
Популацијата на пиштарки во Европа е многу голема и релативно стабилна.
RSPB

Mitsubishi Corporation