Селските ластовичките се мали птици со темен грб кој има син сјај, грло со боја на р'ѓа, бел стомак и долга опашка поделена на две дела како виљушка. Кога лета таа може да изгледа сосема црна – најлесно е да се препознае по долгата опашка и лесниот и брз лет.
Ластовичките си чрчорат и брборат една на друга кога стојат на жици или на ивиците на згради – тие може дури и да ве разбудат! Тие на пролет летаат кон Европа за да се размножуваат, да направат гнезда и да ги одгледуваат нивните малечки. Во Македонија може да ги видите од март до септември. Тие градат гнезда од плунка и кал во облик на малечок сад.
Како да разликуваш селска ластовичка од пиштарка?
Пиштарката е забележливо поглема од селската ластовичка, нејзините крилја се подолги, значително се потесни и имаат облик на срп. Ластовичката има поеластични крила, лесно може да забележите како се превиткуваат. Опашката на ластовичката е многу подолга и јасно се забележува дека има форма на виљушка.
Треба да запомниш дека најчесто ластовички има на село, а пиштарки во град.
Како да разликуваш младенче и возрасна ластовичка?
Младите ластовички се малку помали и имаат пократки опашки од нивните родители. Ако живееш на фарма сигурно ќе најдеш гнезда во стари згради, куќарки, под дрвени столбови или под покривот. Ако си многу тивок ќе можеш да гледаш како се одвива семејниот живот на ластовичките – можеби ќе видиш како родителите ги хранат младите со инсекти!
Со што се хранат?
Највеќе со инсекти кои летаат, поретко со инсекти кои се на земја или во вода а кои ги факаат во лет, а понекогаш ловат и додека се застанати на растенија или на земја.
Гнездата на ластовичките
Гнездата се најчесто скриени во зграда или под мост. Најчесто има облик на четвртина од топка направена од кал или глина; измешана со долги стебленца од трева или сено. Добро се прицрвстени за ѕид, столб или друга градба и секогаш се отворени на горниот дел.
Презимување
Презимувалиштата на Европските селски ластовички е во Западниот дел на Африка, од екваторијалната зона до јужниот крај на континентот.
Популација на селски ластовички во Европа
Селските ластовичките се вообичаени и нивната популација е навистина стабилна во Европа, иако уништувањето на нивната животна средина може да ги натера да исчезнат од нашиот континент.