http://www.springalive.net
Насловна   ›   Штрк
Print
Send to friend

Штрк

Штркови се високи, водни птици  со долг врат, долги црвени нозе и шилест црвен клун. Белите пердуви на главата, вратот и телото се во контраст со црните пердуви од крилјата кои имаат виолетов и зелен сјај. Нивните кафени очи се врамени со само малку црна кожа.
Многу е лесо да се препознае звукот што го прави штркот – тој треска со својот клун на многу карактеристичен начин и тоа звучи како удирање на два дебели стапа.
Најлесниот начин да видите штрк е во гнездо, но лесно може да ги најдете и на влажни ливади или свежо искосени полиња.
Гнездата на штрковите се многу големи и сместени на високо, со широк поглед наоколу.
Штркови можат да се видат во Европа од март па до доцна во август.
Научи повеќе
Како да разликуваш младенче и возрасен штрк?
Машките и женските штркови се многу слични, иако машките се малку поголеми. Младенчињата имаат сив клун и потемно црвени нозе. Тие исто така имаат посивкасти пердуви, за разлика од снежно белите родители.
Со што се хранат?
Белиот штрк се храви со глодари, црви, ларви и секакви видови на мали влекачи или водоземци. Тие не се пребирливи и се хранат со оние животни кои најлесно се наоѓаат во нивната околина.
Гнездата на штрковите
Европските бели штркови си прават гнезда на објекти изградени од луѓе уште од среден век. Нив може да ги најдете на покриви, кули, оџаци, телефонски бандери, ѕидови и на посебно изградени столбови за гнездење. Штрковите се враќаат да се гнездат на истото место, или многи блиску до него секоја година. Младенчињата секогаш настојуваат да се вратат блиску до местото каде што се родиле – затоа може да се најдат гнезда кои постојано се користат веќе стотици години!
Презимување
Штрковите презимуваат во Централна Африка.
Популација на штркови во Европа
За жал, бели штркови можат да се видат само во некои Европски држави. Во последниот век бројот на штркови се намалува. Причината за тоа најверојатно е промената на климата и намалувањето на водни живеалишта.
RSPB

Mitsubishi Corporation