http://www.springalive.net
Насловна   ›   Кукавица
Print
Send to friend

Кукавица

Кукавицата е голема колку грлица, со пепливо-сив горен дел и бел стомак со темни линии. Навистина е тешко да забележиш кукавица. Ако ти успее да видиш кукавица тогаш најверојатно ќе ја видиш само како темна форма која прелетува брзо над полиња кои се сместени близу шуми. Но најверојатно веќе имаш слушнато кукавица. Кога машката кукавица го најавува своето пристигнување, таа испушта крактеристични звуци "кук-уу, кук-уу".
Кукавиците може да се сретнат скоро на секаков терен, во шуми, на отворено се до планински предели. Најинтересниот податок за кукавиците е дека не прават гнезда. Тие ги подметнуваат своите јајца во туѓи гнезда. Маладенчето од кукавица се испилува пред младенчињата на птицата во чие гнездо било подметнато и ги бутка нејзините јајца. надвор од гнездото
Со што се хранат?
Инсекти – најчесто пеперутки (гасеници) и бубачки. Кукавицата не е специјализирана за ловење на одредени инсекти туку се храни со оние кои најмногу ги има и кои најлесно се ловат.
Гнезда на кукавицата
Насместо да си направи свое гнездо кукавицата се гнезди "на гости" кај птици како попчето и ливадската трепетлика. Кога женската кукавица ќе најде гнездо што и одговара, чека птиците да не гледаат и тогаш им вади едно од нивните јајца и го подметнува нејзиното. Понекогаш тоа може да биде гнездо на птица која е помала од младенчето на кукавицата. Тогаш птицата "родител" мора да работи уште понапорно за да го нахрани џиновското бебе.
Презимување
Зимските живеалишта за кукавиците кои се гнездат во Европа се лоцирани во Африка, најчесто во саваните. Некои птици од Западна Азија презимуваат во Европа, други во Азија сé до Нова Гвинеја на Пацификот.
Популација на ластовички во Европа
Во Европа популацијата на кукавици е прилично голема и стабилна, иако нивниот број опаѓа во Западна Европа, особено во Франција.
RSPB

Mitsubishi Corporation