http://www.springalive.net
Насловна   ›   Пчеларка
Print
Send to friend

Пчеларка

Пчеларка
Пчеларката е една од најшарените птици во Европа. Долниот дел од нејзиното тело е сино-зелен а на горниот најмногу се познаваат портокаловата и црвената боја иако има и малку зелено и сино. Под клунот се забележува голема жолта дамка, а црна линија преминува преку нејзиното око. Иако има толку многу бои на себе, воопшто не е лесно да се забележи во пољаните со цвеќиња на кои живее. 
Најлесно е оваа птица да се забележи кога седи на жици, оддалечени дрва или други високи објекти од кои можат да набљудуваат инсекти за ловење.
Како се разликуваат младенчињата од возрасните?
Младите пчеларки немаат јасно изразени бои како возрасните а се и помали. Младите немаат долги средни пердуви на опашката.
Со што се хранат?
Најчесто се хранат со инсекти кои ги ловат во лет. Најмногу ловат пчели и оси а понекогаш бумбари и водени коњчиња. Секој ден во периодот на хранење тие мора да фатат околу 225 инсекти!
Гнездата на пчеларките
Пчеларките бараат отворени пространства со разновиден релјеф, најчесто близу река или други водени површини. Тие градат гнезда во глинести брегови на тој начин што копаат дупки кои завршуваат со комора за одгледување на млади. Пчеларките се социјални птици и најчесто живеат во групи и си помагаат при одгледувањето на младите.  
Презимување
Пчеларките ја минуваат зимата во Африка, јужно од пустината Сахара.
Миграција
Пчеларките исто како и штрковите имаат две главни линии на миграција. Птиците од југо-западна Европа летаат над Гибралтар и продолжувајќи на југ ја надлетуваат Сахара и се насочуваат кон Западна Африка. Птиците од Источна Европа летаат за Јужна Африка преку Израел.
Кога пилињата се пораснати пчеларките формираат големи групи до 120 птици. Потоа овие големи групи се делат на помали.
Птиците се соочуваат со многу потешкотии и опасности за време на нивното патување. Некои од нив се предизвикани од луѓе. Во некои земји одгледувачите на пчели ги убиваат пчеларките бидејќи сметаат дека се штетници. Научниците пресметале дека една од три пчеларки која заминува од Европа во есен ќе се врати напролет.
RSPB

Mitsubishi Corporation