Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Вести
Send to friend

Вести

ФОТО НАТПРЕВАР „ПРОЛЕТТА ДОАЃА“
2012-04-02
ДАМИ И ГОСПОДА! Фото натпревар за пролетните птици! Ако сакате да учествувате прочитајте ги правилата. Може да учествуваат сите деца до 16 години кои ќе пријават една од птиците од нашата кампања (селска ластовичка, пиштарка, штрк, кукавица или пчеларка).
Како да видиш повеќе птици
2012-03-20
Како да видите повеќе птици
 
Ако се уште немаш видено штрк, ластовичка, пиштарка, кукавица ниту пчеларка еве неколку совети за гледање повеќе птици:
 
1. Најлесно е да се гледаат птици од дома! Ако обезбедиш храна и засолниште за птици а во летни услови особено ако обезбедите вода тие сами ќе дојдат кај тебе.
 
2. Посвети повеќе време на набљудување. Колку повеќе време посветиш само на птиците толку повеќе и ќе видиш. Некои птици се чести и лесно се забележуваат а некои се многу срамежливи и потребни се „детективски“ напори за да се видат. Затоа ако сакаш да бидеш детектив и да видиш ретки и срамежливи птици биди трпелив и фокусиран. Искористи ја секоја прилика да дојдеш на настан организиран од Македонското Еколошко Друштво!
 
3. Посети некои од убавите места низ Македонија – национални паркови, излетнички места без многу посетители, планини, реки или езера – тие се одлични живеалишта за различни видови птици.
 
За видовите од нашата кампања:
 
- Покрај реките со песочни брегови најлесно ќе најдеш пчеларки,
- штрковите сакаат височинки за гнездење и водени површини за ловење,
- ластовичките повеќе сакаат селски услови отколку градски, за разлика од
- пишарките кои уживаат во градовите 
- кукавиците се особено тешки за пронаоѓање но наслушнувајте околу пошумените места и сигурно ќе и го препознаете гласот.
ПОЧНУВАМЕ!
2012-03-12
Иако зимата сè уште не и го отстапила местото на пролетта ние веќе започнуваме со подготовки за нејзиниот дочек. Полека птиците пристигнуваат во Европа и наскоро ќе бидат и над нас! Не заборавај да ги пречекаш и да ни кажеш  со тоа што ќе ги внесеш податоците на нашава веб страна. 
Results 13 do 18 z 32