Од 23 до 30 ноември, 23 ученици и 5 наставници учествуваа во завршниот настан за кампањата Пролетта Доаѓа во Националниот парк Голден Гејт во Јужна Африка. Овој настан беше организиран од страна на BirdLife Јужна Африка. ?xml:namespace>
Учениците уживаа и учеа за историјата, културата и птиците во Националниот парк. Таму тие можеа да видат и некои видови птици кои ги нема во Европа.
Кампањата во Африка сега е завршена и конечниот број на пријавени видувања на птици на вебстраната на Пролетта Доаѓа изнесува 465.
Сега нам ни е редот да ги пречекаме назад во новата сезона на Пролетта Доаѓа во 2012.